![Малку ботокс за подостарениот Audi Q7 / ФОТО](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2019/06/audi-q7-facelift-13.jpg)
Малку ботокс за подостарениот Audi Q7 / ФОТО
Audi ја претстави редизајнираната верзија на својот луксузен SUV Q7
Што се однесува до надворешноста, Audi само благо ја освежил надворешноста, доволно да се биде во склад со новиот корпоративен дизајнерски јазик, а се однесуваат на решетката на ладилникот и стандардните предни светлосни групи, изведени во LED технологија. Назад е видлива големата употреба на хромирани детали, а највпечатлива е лентата што ги поврзува левото и десното стоп светл. Иако ажурираниот кросовер лежи на идентична архитектура, новиот Q7 е 11 милиметри подолг од претходнико (5.063 милиметри), а тоа значи и повеќе простор во салонот за патниците.
Што се однесува до ентериерот, редизајнираниот Q7 сега има дигитална контролна табла со двоен екран чувствителен на допир, а промени има и на централната конзола.
Волуменот на багажникот изнесува најмалку 865 литри, но може да се прошири на 2.050 литри, со соборување на задните седишта.
Сосема очекувано, редизајнираниот Q7 е збогатен со модерни технологии како што се MMI навигација и Audi connect кој контролира сè од сообраќајниот метеж до поврзување со Amazon Alexa. Тука е и системот Car-to-X, каде што X означува комуникација со градската инфраструктура за реален приказ на статусот на семафорите.
Што се однесува до погонскиот дел, за Европскиот пазар се подговени два дизел агрегати (231 и 286 КС), како и еден тубо бензинец (340 КС). Сите три погонски групи ќе користат 8-степена автоматска трансмисија, а исто така ќе имаат и блага хибридна технологија (48 V), со можност за привремено деактивирање на моторот во интервали што не надминуваат 40 секунди.
Кратко по пазарното деби, ќе следи и член на PHEV сегментот, кој ќе се базира на бензинско- електрична комбинација. Деталите за оваа варијанта сеуште не се познати.
Цената на „новиот“ Q7 чија продажба ќе започне во средината на септември сеуште не е објавена.