Ford откри официјални податоци за перформансите на „жешкиот“ хеџбек Focus ST

Под капакот на новиот Focus ST се наоѓа 2.3-литарски EcoBoost турбо бензинец со 280 КС и 420 Nm. Моќта на предната оска се пренесува преку 6-брзински мануелен или 7-брзински автоматски менувач.

Од Ford тврдат дека новиот Focus ST од место до 100 km/h пристигнува за 5,7 секунди, исто како и Honda Civic Type R, додека максималната брзина е 250 km/h. Меѓу останатото, од Ford велат дека новиот Focus ST има и подобро меѓузабрзување споредбено со претходната генерација на Focus RS.

Новиот Focus ST ќе биде достапен и со 2.0-литарски EcoBlue турбодизел со 190 КС.