НЕ се обидувајте ова да го направите на јавен пат

Сосема е разбирливо зошто ова не е паметно да се прави на јавен пат со сообраќај. Потребно е многу вежба, но и знаење за ефикасно да се помине свиок со лизгање, кое на „ладна глава“ ќе и овозможи дрифт уживање.

Особено ако сте во BMW со над 600 КС, како што е Серија 8 во најпрестижното M Competition издание со моќност од 625 КС. Единствената дилема е изборот на погон, ако сакате дрифт со вклучен заден или погонот на сите тркала.

Низ часовите за дрифт ве води инструкторот за возење на БМВ, Стефан Ландман. Првата претпоставка е дека имате доволно простор за вежбање, а потоа треба да го исклучите системот DSC. Како што покажува видеото, постојат три основни фази во дрифтот, каде што првата е влегување во свиок, втората е контролирање на возилото, а третата е излегување од маневарот во посакуваната траекторија. Важно е да се балансира помеѓу додавањето гас и аголот на вртење на управувачот. Секако, Стефан си ја работи својата работа во совршено опуштено расположение за кое е потребно многу вежбање.

Нешто потешко е дрифт со погон на сите четири тркала. Балансирањето на возилото е потешко, но уживањето е подеднакво. На крајот на краиштата, погледнете го видеото.