Германскиот BMW речиси еден век произведува бензински и дизел мотори во фабриката изградена веднаш до седиштето на компанијата во Минхен. Но, сега, околу илјада луѓе вработени во тие постројки ќе мора да добијат други одговорности во рамките на групата, со оглед на фактот дека од производните линии на споменатата локација ќе се симнуваат единствено електрични погонски системи

Тоа значи дека „BMW трајно го прекинува производството на бензински и дизел мотори во својата главна фабрика во Минхен, каде што ќе бидат инсталирани нови машини за составување електрични автомобили. Очекуваме новите постројки да бидат пуштени во употреба некаде во 2026 година, што ќе не чини околу 400 милиони евра“, вели директорот за производство на BMW Милан Недељковиќ. Споменатите илјада работници ќе добијат понуда да добијат други работни места во рамките на компанијата, или во Минхен – или на друга локација во Баварија.

„Ние доследно ја применуваме стратегијата што ја избравме, а тоа е електрификација. Секој од нашите германски погони ќе произведе барем едно чисто електрично возило до 2022 година“, вели Недељковиќ.

„Оваа одлука е практично модел за успешна трансформација на германската индустрија“, вели шефот на синдикатот, Манфред Шох. Изградбата на нов погон во фабриката стара скоро сто години покажува дека „оваа трансформација, доколку се пристапи стратешки и храбро, може да обезбеди задржување, па дури и зголемување на бројни работни места, среде голем град како Минхен“.

Моторите со внатрешно согорување кои се произведувани во Минхен, ќе продолжат да се произведуваат во австрискиот Steyr и британскиот Hams Hall. Пренамената ќе се одвива во фази, а се очекува да заврши најдоцна до 2024 година. Споменатите фабрики, Steyr and Hams Hall, во моментов работат на горната граница на капацитетот, a ќе продолжат со полн капацитет, дури и по забрзувањето на процесот на електрификација, објаснува Недељковиќ.

„Ние континуирано ја развиваме фабриката во Минхен за да се вклопиме во плановите за проширување на концептот на електромобилност и да се стремиме да создадеме ефикасно и конкурентно опкружување за производство за да ја постигнеме оваа цел“, се вели во соопштението на компанијата. 

Целосно новите линии ќе бидат поставени таму каде што се сега машините за производство на SUS мотори и ќе бидат прилагодени на барањата на електричните возила што ќе поќиваат на новата архитектура развиена од BMW. Споменатата платформа ќе биде претставена во најавената фабрика која ќе се гради во Дебрецин, во средината на оваа деценија, а потоа ќе биде пренесувана и на други локации.

„BMW ги редизајнираше своите фабрики на таков начин што тие можат да произведуваат конвенционални, хибридни и електрични автомобили на иста линија, обезбедувајќи на тој начин флексибилност во однос на задоволување на побарувачката. До крајот на следната година, компанијата ќе ги намали фиксните трошоци за 500 милиони евра“, вели Недељковиќ. 

Целокупниот електричен BMW i4 ќе се произведува во Минхен додека BMW iX ќе се составува во Динголфинг, кој е планиран за крајот на следната година. Електричните верзии на Серија 5 и 7 исто така ќе бидат изработени во Динголфинг. Во текот на 2022 година, фабриката во Регенсбург ќе започне да го составува конвенционалниот кросовер Х1, но тој модел ќе се нуди и како електричен автомобил. Ова ќе биде проследено со производство на моделот Mini Countryman, кој ќе се составува во Лајпциг од 2023 година. Ќе се нуди и како конвенционален и како електричен автомобил.

И покрај Брегзит, бордот на директори на BMW гледа иднина за фабриката на Mini во Оксфорд, Англија. 

„Остануваме таму и во следните десет години“, вели Недељковиќ. „Фабриката што ја градиме во Кина, наменета за производство на електрични Mini автомобили во партнерство со Great Wall, ќе биде готова во 2022 година. Таму ќе се произведува и Х5 за локални потреби“.