Италијанската марка разви посебна палета на специјални зимски гуми. Во овој случај производите не се наменети за монтирање на автомобил, туку за монтирање на велосипед

Без разлика дали епидемијата на коронавирусот е од клучно значење, или луѓето едноставно почнаа да посветуваат поголемо внимание на здрав живот и побрз начин на транспорт низ метежот на градските улици, главно, има се повеќе велосипедисти на улиците, како на европските, така и на нашите. А во Pirelli веруваат дека касната есен и доаѓањето на зимата нема да ги избркаат велосипедистите од улиците ако им понудат компоненти што ќе го направат возењето побезбедно и позабавно.

Токму затоа Pirelli се пофали дека има ново развиен дизајн кој е постигнат „благодарение на искуството стекнато во производството за автомобилскиот сектор“.

Колку оваа понуда ќе биде интересна за велосипедистите е навистина непознато, но конструкторот тврди дека новиот производ ја подобрува тракцијата, како на влажен, така и на студен асфалт. Дизајнот на гумата која ја носи трговската марка CYCL-e Winter WT, е дизајниран од одделот за истражување и развој на компанијата.

Самата обвивка, куќиштето на гумата е составено од кошулица отпорна на пункција, каде што дебелината на гумата варира од 3 до 3,5 милиметри, во зависност од големината на гумата која може да биде 37-622, 42-622, 50-584. Благодарение на технологијата на производство, Pirelli гарантира одлична тракција дури и при температури на кои водата замрзнува, па дури и на патишта покриени со умерено количество снег.

Гумата Pirelli CYCL-e WT е достапна по цена од 50 евра по парче.