Дејан Христов признава дека 2CV инспирирал многу млади дизајнери, но вели дека повеќето од нив се плашеле да останат верни на оригиналот

И покрај славната историја, се чини дека Citroën не гледа благонаклоно на ретро трендот, ​​кој е популарен помеѓу електричните возила, како на пример кај сериските модели Volkswagen ID. Buzz, Fiat 500, Honda e…

Сепак, тоа не го спречило нашиот независен дизајнер Дејан Христов, по Yugo EV, да понуди реинкарнација и на култниот Citroën 2CV, кој би можел да се врати како електричен кросовер со минималистички дизајн и црти од оригиналот.

Дејан Христов признава дека 2CV инспирирал многу млади дизајнери, но вели дека повеќето од нив се плашеле да останат верни на оригиналот. Ова важи и за дизајнерското студио на Citroën, кое користеше елементи од 2CV во првата генерација C3 и C3 Pluriel, концептот REVOLT од 2009 година и поновиот Ami quad, но никогаш не доживеа вистинска ренесанса.

Наместо блага имплементација на стилските елементи од оригиналот, Христов целосно ја задржал култната силуета на оригиналниот 2CV (произведуван од 1948 до 1990 година), вклучувајќи заоблен облик на кровот, нагласени браници и препознатливата хауба.

Темно затемнетите LED светла, минималистичката решетка, камерите што ги заменуваат ретровизорите и задните светла го носат 2CV во модерното време со интересен пресврт. Наместо да се одлучи за конвенционален пристап, Христов се одлучил за подигнат изглед на кросоверот.

Ова е постигнато со алуминиумски тркала во стил на турбина со голем дијаметар и зголемено растојание од подлогата. Пластичната облога е ограничена на долниот дел од браниците и праговите, одржувајќи го изгледот елегантен. Останувајќи верен на суштината на оригиналот, голем дел од покривот се повлекува за возачко искуството на отворено.

Она што навистина се разликува од оригиналот е опремата со оглед на тоа дека денешните клиенти не можат да живеат со бришачи на рачен погон и недостаток на климатизација.

Така, кабината со пет седишта на 2CV EV би ги содржи сите потребни погодности, вклучувајќи екран на допир за инфо-забавиот систем, контрола на климата, електрични прозорци и соодветен аудио систем.

Во однос на димензиите, 2CV EV е зголеме за 381 mm во однос на оригиналот, што резултира со должина од 4.241 mm. Тоа би го сместило меѓу модерните теренци од Б-сегментот како Peugeot 2008 или Opel Mokka.

Иако оваа студија е сè уште само теорија, Дејан Христов замислува дека малата платформа STLA на Stellantis би му одговарала во производството.

Мора да се нагласи дека македонскиот автомобилски дизајнер Дејан Христов е независен, односно не е поврзан со ниту една автомобилска компанија компанијата.