Холандската компанија RemetzCar го направи првиот од планираните 20 примероци од Model S Shooting Brake

Иако Model S првично е произведен само во лимузинска верзија, клиентите кои сакаат може да нарачаат и вагон верзија.

За модификација на стандардниот Tesla Model S во Shooting Brake каросериска верзија се погрижила компанија од Холандија, RemetzCar, која е позната по тоа што пред неколку години по нарачка примерок од Model S го претвори во погребален автомобил.

Првиот Model S караван е направен во посебна металик зелена боја, по нарачка на холандски колекционер на автомобили.

Вкупното планирано производство е 20 примероци.

Холанѓаните немале лесна задача, со оглед дека требало конструкциски и естетски каросерискиот додаток да се вклопи во постоечкиот дизајн, а врз основа на објавените слики може да се каже дека дефинитивно успеале.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1_w2GIGQ2Qezl8_LcRv3YTMfaP6Qp7iuu” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]