
Лука де Мео – нов извршен директор на Renault
Renault Group и официјално го назначи новиот извршен директор, а тоа е поранешниот прв човек на Seat, Лука де Мео
Италијанецот ќе има помош од досегашниот привремен директор Клотилде Делбос, која од 1 јули 2020 година ќе биде негов заменик, а до тогаш ќе продолжи да биде прв човек на компанијата.
„Раководството на Renault верува дека господинот Лука де Мео во текот на својата кариера покажал дека е вистинскиот човек за Renault. Неговото искуство, визија, успех и сè што поминал за да стигне онаму каде што е, го прави вистинскиот кандидат“, се вели во официјалното соопштение од Renault.
Жан-Доминик Сенар, еден од членовите на управниот одбор на Renault, вели дека ова е голем потег за компанијата и дека неговите први чекори се исклучително важни.
„Лука де Мео е одличен стратег и одличен визионер. Тој е човек кој може да го смени автомобилскиот свет со голема брзина. Поради своето знаење и искуство, но и неговата страст кон автомобилите, тој стана идеален кандидат за овој бизнис и неговите први чекори ќе бидат исклучително важни за Renault“, вели Сенар.