Големите автомобилски салони дефинитивно се во криза, а доказ за тоа е „првата жртва“. Салонот за автомобили во Франкфурт за 2021 година дефинитивно е откажан

Застарениот концепт за изложување на автомобилските новитети преку саеми се помалку е интересен за публиката, а со тоа и за изложувачите. Како резултат на тоа, расте бројот на производители кои прескокнуваат одредени изложбени салони. Дури и најголемите не се имуни на тоа, а доказ за тоа е дефинитивниот крај за познатиот саем за автомобили во Франкфурт кој се одржува на две години (наизменично со салонот за автомобили во Париз).

Германскиот VDA (Verband der Automobilindustrie) објави дека Франкфурт нема да биде домаќин на саемот во 2021 година. Наместо тоа, VDA во моментов бара нови можни локации кои можат да го спасат настанот. Во моментов се споменуваат три локации, и тоа Берлин, Минхен и Хамбург. Досега, седум германски градови изразиле интерес за организација и ги предложиле своите концепти за манифестацијата. Покрај трите „финалисти“ споменати погоре, интерес покажале и Келн, Штутгарт, Хановер, како и Франкфурт.

На крајот потсетување дека Франкфурт е домаќин на саемот веќе седум децении, со најголема посетеност во 2015 година кога низ саемските хали прошетале скоро еден милион луѓе. Од тогаш, интересот континуирано опаѓа, па така минатата година, и покрај многуте новитети, саемот го посетиле само 550.000 посетители.