Леклер казнет со десет места на стартот од трката за ГН на Саудиска Арабија!
Возачот на Ferrari, Чарлс Леклер, трката за ГН на Саудиска Арабија ќе ја започне со казна од десет места на стартот
Откако мораше да се повлече од воведната трка во сезоната пред две недели во Бахреин, Чарлс Леклер овонеделната трка во Џеда ќе ја започне со казна од десет места, откако Ferrari беше принуден да инсталира нова контролна електронска компонента во болидот на Леклер.
Пред Големата награда на Бахреин, Ferrari веќе ги замени ES (energy store) и CE (control electronics) компонентите на погонската единица на болидот на Леклер, а бидејќи на тимовите им е дозволено да користат само две CE компоненти по сезона, болидот на Леклер го надмина тој број со новата замена.
Од тие причини, возачот од Монако во редовите на Scuderia Ferrari овој викенд ќе се соочи со својата прва казна сезонава.
„Имавме два различни проблеми во неделата. Во неделата утро, како и во време на трката се соочивме со недоследности на контролната единица на болидот, такви какви што не сме искусиле во минатото. Се надевам тој дел сега е под контрола, но темелно ќе го анализираме“.
„Ова за жал значи дека ние викендов ќе се соочиме со казна на патеката во Џеда, бидејќи само две контролни единици се планирани за сезоната“, вели новиот шеф на Ferrari, Фредерик Васер.
По минатогодишната трка на улиците на Баку, Ferrari беше принуден да користи помала моќност на моторот за да го намали ризикот од дефект. Сепак, тимот работеше на издржливоста на моторот во текот на оваа зима. Васер додаде дека тимот нема намера да ја намали моќноста на моторот за претстојните трки.
„Чарлс Леклер ја започнува овонеделната трка за Големата награда на Саудиска Арабија со 25 поени зад лидерот Верстапен. И покрај тоа, Леклер не паѓа во демотивираност“, нагласува Васер.
„Чарлс беше со нас во фабриката во средата наутро, ден откако имавме тест на гуми. Имавме разговор со вработените на кој беа сите присутни. Чарлс е сосема јасно дека е многу мотивиран. Само една од 23 трки е зад нас“.
„Чарлс напорно работи со тимот. Се обидува да го извлече најдоброто од сите. Овонеделната казна не е добра вест за нас, но не е крај на сезоната. Ќе видиме што ќе се случи во Саудиска Арабија и каков ќе биде исходот. И покрај казната, немојте ни да помислите дека Чарлс може да биде демотивиран“.
„Тој е целосно уверен. Работи со нас. Го трка тимот напред. Се на позитивен начин и ништо повеќе“, додава Васер.
Чарлс Леклер заврши на второто место на минатогодишното Гран При на Саудиска Арабија по тесната трка со Верстапен. Овој викенд, самата природа на уличната патека во Саудиска Арабија се очекува да донесе предност на болидот SF-23 на Ferrari.