Легендата се враќа: Премиера за новиот Land Rover Defender / МЕГА ФОТО+ВИДЕО ГАЛЕРИЈА
Целосно новиот Defender го менува класичниот модел чие производството заврши пред три години
Стариот Defender замина во легендите во 2016 година кога, по скоро седум децении, заврши сериското производство на возилото, кое од своето основање до крајот имаше препознатлив коцкест изглед, со повремени рестилизации на телото.
Land Rover пред неколку години реши да го запре производството на класичниот Defender и на своите клиенти да им понуди значително помодерна верзија, која и понатаму ќе има извонредни теренски возни карактеристики типични за претходникот.
[useyourdrive dir=”1HYBVffxepWBJJUvOT4M08F7n5wiEMLyn” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Целосно новиот модел сè уште има коцкеста силуета, со одредени стилски елементи инспирирани од оригиналниот дизајн на автомобилот. Сепак, Land Rover ги ублажил острите линии од претходникот, што е особено забележливо кога возилото се гледа од предната страна.
[useyourdrive dir=”142XCtoMasc8QvI3yi8VUYFJbAHIWCPRo” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Првично, на купувачите ќе им бидат понуден два дизел мотори, потоа еден 4-цилиндерски бензинец, како и 6-цилиндерски бензинец со „благ“ хибриден погон. Во плановите за 2020 година се наоѓа и plug-in хибридна верзија.
Основниот дизел е 2.0 SD4 со 200 КС, а за оние кои сакаат поголема моќност достапен е мотор со ист волумен, но со 240 КС.
Основната бензинска верзија 2.0 Si4 со 300 КС, а на врвот од понудата е споменатиот 6-цилиндерски 3.0 i6 со „благ“ хибриден погон и вкупна моќност од 400 КС.
[useyourdrive dir=”1sAMgRXfzM1g1P2wVeqcVinJmaYK_TOdf” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Land Rover на премиерата на моделот ги претстави двете каросериски варијанти: „90“ со 3 врати и поголемата „110“ со 5 врати и 7 седишта. Моќноста на сите 4 тркала се пренесува преку ерманентен 4×4 погон, а како опција може да се нарача и опционална воздушна суспензија. Во овој случај, клиренсот на автомобилот е скоро 30 cm.
Аголот на нагорнина која новиот Defender може да ја совлада е 38 степени, односно 40 степени надолнина. Во Land Rover велат дека новиот модел е во состојба да мине низ водена бариера со длабочина од 90 cm.
[useyourdrive dir=”1FEiJ4CoL5S_IUH_tCrl3N5O21W2syxbY” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Ентериерот сè уште е прилично конзервативен, со едноставни, правоаголни геометриски форми и прави линии, но изобилува со луксузни, современи технолошки напредни содржини, вклучително и 10-инчен мултимедијален екран.
Опционално Defender е достапен со опционална споена предна клупа што дозволува сместување на три лица напред. Во овој случај, во новиот Defender има простор за 6 патници во двата реда на седишта.
[useyourdrive dir=”1YcStOcl-8yexS0On5jsd8RKyNDwkKrOt” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Новиот Land Rover Defender својата премиера ја имаше на штотуку започнатиот Салон за автомобили во Франкфурт (денес и утре се новинарските денови), кој за посетителите официјално ќе биде отворен од четврток, 12 септември.
[useyourdrive dir=”1qpJLG98NaLo8XMJl7kBsp7sgH9lqXsGC” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]