По серијата тизери и фотографии кои „протекоа“ на интернет, германскиот производител официјално ја претстави новата G класа

Иако на прв поглед возилото не се разликува од сегашниот модел, новиот Mercedes-Benz е значително модернизиран и има повеќе простор во патничкиот простор.

Како и во изминатите четири децении, производителот од Штутгарт и сега не се откажал од препознатливиот „коцкаст“ дизајн кој ја следи основната функција на овој автомобил, возењето по тежок терен.

Mercedes уште во декември 2017 година, го претстави ентериерот на новиот автомобил чиј патничкиот простор сега е значително попростран и полуксузен.

Простор за промени во надворешниот дизајн и нема многу, така што разликите во дизајнот на двете генерации на G –класата (онаа која си оди и онаа која доаѓа) се скриени во детали, како на пример браниците или LED дневните светла во форма на круг.

Од Mercedes велат дека новиот модел е подолг за 53 mm и поширок за 121 mm од својот претходник. Токму зголемувањето на надворешните димензии влијаело на тоа возачот и патниците да добијат поголем простор за нозете, како и во висина на лактите односно рамењата.

Оние што седат на задната клупа се наградени со дополнителни 150 милиметри, па поголемите патници ќе можат удобно да се позиционираат во задниот дел, а притоа нивните колена не ги допираат задните седишта.
Намалени се и бучавата и вибрациите во патничкиот простор.

Во почетокот, потрошувачите ќе можат да нарачаат исклучиво модел со бензински 4.0-литарски турбо V8 со 422 КС и 310 Nm. Погонската единица е поврзан со 9-степен автоматски менувач, а моќта се пренесува на сите 4 тркала.

И покрај фактот дека при развивање на новата G-класа, фокусот бил на зголемување на удобноста на патниците, новата генерација има подобри способности и надвор од патеката.

Возилото е поставено на класична шасија, а возачот има можност за блокажа на сите три диференцијали.

Автомобилот, исто така, има сосема нова, независна предна суспензија и нова предна осовина, а задната оска е повторно дизајнирана.

Максималните „нападни“ агли сега се 31 ° (напред) и 30 ° (заден), а возилото може да помине низ бариера полна со вода, а длабока 70 cm.

Растојанието од земјата до автомобилот помеѓу двете оски е дури 241 милиметри.

На крајот, Mercedes може да се пофали дека благодарение на употребата на лесни материјали, како што е алуминиумот, масата на новата G класа е намалена за околу 170 килограми во споредба со претходната.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Продажбата на новата генерација на G-класата во Германија започнува во јуни, а почетната цена изнесува 107.040 евра.

Loading...

KissAnime kiss anime: Dragon Ball (Dub) Episode 153

AnimeHeaven arifureta anime heaven: Naruto: Shippuden (https://animeheaven.pro/m/wnW) Episode 500