Британскиот производител и официјално го отвори новиот објект во Велс

Фабриката во местото Свети Атен во Велс е втората фабрика на Aston Martin покрај главната фабрика во Гeјдон. Додека Геjдон останува главниот центар за производство на спортските автомобили на овој производител, првиот SUV во историјата на компанијата, DBX, ќе се склопува во фабриката во Велс.

Кога фабриката ќе го достигне својот максимален капацитет во вториот квартал на 2020 година, таа ќе вработува 600 работници, бројка која подоцна се планира да се зголеми на 750.

Премиерата на Aston Martin DBX се случи минатиот месец. Британската компанија за автомобили очекува околу 90% од вкупното производство да оди за извоз.

Автомобилот се напојува од 4.0-литарски твин-турбо V8 мотор на AMG, кој произведува 549 ​​КС (404 kW) и развива максимален вртежен момент од 700 Nm.

Ова е доволно за автомобилот со тежина од 2.245 кг од место до „стотка“ да забрза за 4,5 секунди, додека максималната брзина на овој кросовер е 291 km/h.

Моторот е спарен со 9-степен автоматски менувач, а моќноста се пренесува на сите 4 тркала. SUV моделот на Aston Martin е опремен и со активен централен диференцијал, како и диференцијал со ограничено пролизгување во задниот дел.

Во овој погон во Велс ќе се произведува и лимитираната серија на електричниот Aston Martin Rapide E.