Stellantis одржа прес-конференција за да ги претстави резултатите од продажбата за првата половина од годината, но и нешто многу поинтересно…

Се разбира, електрификацијата е во центарот на вниманието кога станува збор за идните планови на италијанско-американско-француската компанија.

Премиум брендовите, Lancia, DS Automobiles и Alfa Romeo, во голема мера ќе се префрлат на електричен погон во наредните години. Lancia, која во моментов во својата понуда го има само малиот Ypsilon и тоа во Италија, ќе биде 100 проценти електрифицирана од 2024 година, што значи дека ќе понуди мешавина од хибриди и електрични автомобили. DS ќе лансира исклучиво електрични модели почнувајќи од 2024 година, што не значи дека сегашните автомобили напојувани од конвенционални мотори ќе бидат веднаш укинати.

Што се однесува до Alfa Romeo, матичната компанија работи на тоа италијанскиот бренд да го направи исто така 100 проценти електричен во 2027 година, а опсегот на овој производител значително ќе се прошири од сегашните два модели, Giulia и Stelvio. Следната година ќе го добиеме компактниот кросовер Tonale, а чисто електричниот кросовер наречен Brennero треба да пристигне малку подоцна.

Stellantis се обврзува да инвестира во сите свои брендови во следните 10 години, што значи дека двата проблематични италијански производители конечно ќе лансираат нови производи. Во согласност со тоа, има нови слогани, кои ја отсликуваат ориентацијата кон електрификација: Alfa Romeo од 2024 година станува Alfa e-Romeo, Lancia – „Најелегантен начин за заштита на планетата“, DS Automobiles – „Предимензионирана уметност на патувањето”.

Во меѓувреме, Fiat се враќа во европскиот Б сегмент со директен наследник на Punto, модел кој беше укинат во 2018 година. Треба да пристигне во 2023 година на „заедничка платформа“, што значи дека ќе користи хардвер кој ќе го дели во конгломератот. Се разбира, целта на таквиот потег е да се намалат трошоците и да се забрза развојот.

Меѓудругото, тука е и документот кој го открива планот за Maserati односнот премиерата на луксузниот кросовер Grecale во четвртиот квартал од оваа година. Дебитантот ќе биде позициониран под Levante. Следуваат електрични модели во 2022 и 2023 година. 

Stellantis, исто така, ќе лансира 20 електрифицирани модели во следните 24 месеци, од кои половина ќе бидат чисто електрични, девет plug-in хибриди, додека еден модел ќе ги има двата типа на погонски единици.