Иако моќ воопшто не му недостасува, Lamborghini Urus сепак ќе добие уште помоќна верзија

Првиот Lamborghini SUV располага со импресивни 641 КС и 850 Nm од 4.0-литарскиот twin-turbo V8 мотор. Сепак, Urus Performante, како што се очекува да биде неговото име, ќе располага со околу 700 КС!

Покрај зголемувањето на моќноста на моторот, инженерите на Lamborghini дополнително ќе го олеснат Urus, а можеби ќе добие и активна аеродинамика која ја користат Huracan Performante и Aventador SVJ

Оваа „ѕверска“ верзија на Urus се очекува за околу две години, а во меѓувреме се очекува и хибридна верзија.

Хибридниот Urus може да го добие истиот погонски систем кој се користи во  Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid со околу 680 КС.

Loading...