Најголемото лесно комерцијално возило на Opel е достапно во 4 должини и 3 висини на каросеријата

Покрај новиот дизајн на предниот дел, кој јасно го идентификува Movano како член на семејството Opel, овој „комерцијалист“ добил и бројни системи за помош и технологии кои работата на возачот ја прават полесна и попријатна.

Системите вклучуваат Rear Vision камера, така што возачот секогаш има добар преглед на она што се случува позади. Функциите како што се предупредување за возило во мртвиот агол и предупредување за напуштање на лентата на движење, ја зголемуваат безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Тука е и новиот мултимедијален систем кој е компатибилен со Apple CarPlay и Android Auto системите, а подразбира 7-инчен екран на допир. Покрај тоа, овозможено е безжично полнење на паметните телефони.

Opel истакнува дека новата кабина на Movanо е „дизајнирана како модерна мобилна канцеларија“. Со вкупно 22 прегради за складирање, овозможена е голема количина на простор за сè што е потребно во текот на денот. Да споменеме и детал од паметниот дизајн, како што е FlexTray касетата со волумен до 10,5 литри, што може да се отвори како фиока

Како и претходно, новиот Movano е достапен во 4 должини и три висини, со максимална вкупна тежина на возилото до 4,5 тони и 17 кубни метри товарен простор.

Фабрички се нудат вкупно 150 различни варијанти на конверзија на каросеријата, а во зависност од варијантата, Movano може да превезува до 5 еуро палети. Ова значи дека постои верзија за речиси секоја потреба.

Благодарение на новите држачи за раце на страничните ѕидови и LED осветлувањето, товарниор простор сега е уште покорисен, велат од Opel.