Lamborghini: Одзивот на купувачите за SUV моделот е неверојатен

0

Италијанскиот производител во 2017 година испорачал 3.815 автомобили, а во 2018 година планира да продаде повеќе од 5.000 возила

Минатата година беше многу успешна за Lamborghini, со оглед на фактот дека е забележан раст на продажбата од 10% во однос на 2016 година. Сепак, како и другите производители на автомобили, Lamborghini е во потрага по нови можности за понатамошно освојување на пазарот преку SUV сегментот.

На крајот од 2017 година, беше презентиран SUV моделот Urus, за кој италијанската компанија веќе тврди дека станува продажен хит.

Имено, во разговор за CNBC, првиот човек на Lamborghini, Стефано Доменикали, открива дека продажбата на Urus досега ги надминала сите негови очекувања.

„Сметавме на позитивна реакција и интерес на потрошувачите, но не на толку високо ниво”, вели Доменикали, додавајќи дека „реакцијата е навистина фантастична“.

Благодарение на SUV моделот Urus, Lamborghini очекува да продаде над 5.000 автомобили во 2018 година, што ќе изнесува 1.185 возила повеќе отколку во 2017 година.

Доменикали верува дека од проектираните 5.000 автомобили, најмалку 1.000 ќе бидат од SUV моделот Urus.

Од продажната мрежа на Lamborghini во САД велат дека Urus значително влијае врз проширувањето на клиентската база на овој бренд, имајќи предвид дека за 70% од новите купувачи, овој модел им е првиот модел на Lamborghini што некогаш го купиле.

Компанијата е изненадена и од големиот интерес на жените кои сакаат да купат Urus.

Доменикали вели дека Урус е добро продаван и на некои пазари со релативно лоши патишта, како што се Русија и Индија, каде што претходно имале проблеми со продажбата на нивните суперавтомобилис.

Запрашан во врска со плановите за зголемување на производството во наредните неколку години, Стефано Доменикали вели дека растот нема да трае вечно. Истиот најверојатно ќе се движи во рамките на нешто помалку од 10.000 примероци за една година и сите такви возила и понатаму ќе продолжат да се прават по највисок стандард.

Lamborghini Urus во САД чини 200.000 долари, а според првиот човек на компанијата, клиентите во просек трошат околу 240.000 долари по возило.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »