AvtoVaz на социјалните мрежи објави најавно видео за пет нови модели

https://www.facebook.com/LADA/videos/2056341344436612/

Ако се суди според најавата, станува збор за пет автомобили ќе го видат светлото на денот на крајот од месецот на московскиот автосалон. „Премиерата која ќе промени сè“ сега за сега ги открива само силуетите на автомобилите, а некои медиуми веќе шпекулираат за тоа за кои модели станува збор.

Во текот на оваа година, AvtoVaz го затвори производството на неколку модели на Lada, па многумина во оваа премиера ја гледаат новата генерација на Grant, во пет различни каросериски изведби. Ако биде така, тоа нема да биде единствената атракција од Lada, бидејќи посетителите на салонот во Москва ќе можат да ги видат спортските изведби на Lada Vesta, како и Lada Xray Cross. Се разбира, тука е и обновената Lada Niva, сега 4×4.