Како стандард, сега е достапен Honda Sensing пакетот за асистенција на возачот

Визуелно, рестилизираниот Civic од својот предходник се разликува по редизајнираниот преден браник, поинаква маска (решетка) на ладилникот и халогените и LED фарови. На задната страна сега се наоѓа хромирана линија на долниот дел од браникот, а променети се и фелните кои сега се достапни со големина од 18 инчи.

Новината во Honda Civic за 2019 година во Америка е верзијата која носи ознака Sport. Таа е позиционирана помеѓу LX и EX варијантите. Освен што од стандардните варијанти се разликува по некои ситни детали и е поставена на фелни од 18-инчи, оваа верзија има и подобрен инфо-забавен систем кој поддржува Apple CarPlay и Android Auto.

Под капакот на моторот на Civic Sport се наоѓа атмосферски VTEC агрегат со работен волумен од два литра споен со 6-степен мануелен менувач (стандард) или CVT (опционално). Иако од компанијата не е официјално потврдена излезната моќ на оваа единица, се верува дека ќе биде 158 коњски сили.
Сега, за овие модели, како стандард е достапен и Honda Sensing пакетот за асистенција на возачот кој вклучува предупредување за челен судир, предупредување за напуштање на патната лента и адаптивна контрола на крстосување.

Досега, рестилизираните верзии се презентирани само за американскиот пазар, а дали истите ќе бидат продавани и во Европа, останува да се види.