Производството ќе започне следната година во фабриката на Mercedes во САД

Mercedes Maybach Ultimate Luxury Concept

Daimler ќе лансира луксузен кросовер под брендот Mercedes-Maybach, а кој ќе се произведува само во фабриката во Алабама, САД.

Премиерата на теренецот ќе се случи оваа година, а производството ќе стартува во почетокот на 2020 година. Стартната цена на моделот под име Mercedes-Maybach GLS, ќе чини не помалку од 200 000 долари. Под капакот на моторот ќе биде сместен V8 со 560 КС.

„Започнуваме да ја прошируваме целата моделна гама на Mercedes-Maybach, но во неа ќе влегуваат само специјални автомобили од висока класа. Нема како некогаш да се појави Mercedes-Maybach A-Class“, коментира генералниот директор на Mercedes-Benz USA – Дитмар Екслер.

Тоа значи дека идејата на производителот е палетата на Maybach да биде претставена од различни модели – како и кај спортскиот оддел AMG Performance, но со забелешка дека во неа нема да има мали градски машини.

Mercedes Maybach Ultimate Luxury Concept

Во Mercedes планираат да ги искористат предностите на растечкиот интерес за луксузните теренци кои принуди дури брендови како Aston Martin, Ferrari, Bentley, Rolls-Royce и Lamborghini да лансираат такви модели на пазарот. Според прогнозите на AutoForecast Solutions, продажбата на овој тип автомобили ќе се зголеми од сегашните 7.500 до 20.000 во 2023 година. Околу 75% од нив се продаваат во Кина и САД.