![Кристијано Роналдо се почасти со најголемиот Rolls-Royce](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2019/02/ronaldo_1128586supereva.jpg)
Кристијано Роналдо се почасти со најголемиот Rolls-Royce
Ѕвездата на Јувентус се вози во Cullinan за 450.000 евра
Кристијано Роналдо е меѓу првите сопственици на Rolls-Royce Cullinan, најлуксузниот SUV во светот, пишуваат италијанските медиуми. Фудбалерот на Јувентус веќе се појавил на тренинг со својот нов миленик.
Рака на срце, сè уште не е јасно дали автомобилот е купен, позајмен или дониран, бидејќи ја нема препознатливата регистерска табличка за автомобилите на Роналдо со бројот 007.
Претставениот пред една година Cullinan, е долг 5,34 метри, широк 2,16 и тежок 2,66 тони. Под хаубата се крие истиот 6.7-литарски V12 мотор кој го придвижува и Phantom, со моќност од 571 коњски сили и 850 максимален вртежен момент. Максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h, а просечната потрошувачка е 15 литри на 100 километри (според Rolls-Royce).
Роналдо е петкратен добитник на Златната топка и познат по својата страст за автомобили. Во неговата импресивна гаража има автомобили како Ferrari LaFerrari, Bugatti Veyron и Bugatti Chiron.