Марката Volkswagen ќе произведува само електрични автомобили во Европа веќе во 2033 година, вели нејзиниот шеф Томас Шефер

VW ќе лансира 10 нови електрични модели до 2026 година, вклучувајќи го и почетниот модел што сака да го продава за помалку од 25.000 евра, вели извршниот директор на Volkswagen, Томас Шефер. Тоа возило ќе има две варијанти – хечбек и кросовер, вели тој. Овие автомобили се очекува да имаат ознаки ID.1 и ID.2. Шефер најави дека следната година VW ќе претстави освежена верзија на компактниот ID.3, прва во својата нова генерација на целосно електрични автомобили, а интензивно се работи и на кросовер верзија на ID.3.

Истовремено, во следната деценија, сериските брендови на VW Group ќе го намалат бројот на понудени модели со цел да се фокусираат на основните модели и зголемување на профитната маржа за сите масовни марки (VW, Seat, Škoda и комерцијални возила) за 8 проценти до 2025 година.

Марката Volkswagen ќе произведува само електрични автомобили во Европа веќе во 2033 година, вели нејзиниот шеф Томас Шефер. Значи, тогаш престанува производството на бензински и дизел автомобили, барем за европскиот пазар.