Најмоќниот модел во гамата на Škoda вози на електрична енергија

Станува збор за Enyaq, а сега, заедно со Coupe се нуди и верзија RS и за „обичната“ верзија. Се дистанцира со поспортски изглед, особено напред каде доминира новиот браник. Странично лесно се забележуваат потенките гуми и атрактивни бандажи со дијаметар до 21 инчи, додека LED светлата си го прават своето одзади. Конечно, тука е агресивната хипер зелена боја.

Многу поинтересен е погонот. Преземен е од GTX верзијата на Volkswagen, што значи два електромотори со вкупна моќност од 299 КС (и 460 Nm) и статус на најмоќна Škoda. Погонот е на сите тркала, опсегот со батерија од 77 kWh е до 500 km, а поддржува полначи со моќност до 135 kW.

До 100 km/h моделот стигнува за 6,5 секунди, а максималната е ограничена на 180 km/h. Да споменеме и тоа дека оваа верзија е поудобна од верзијата Coupe, додека опсегот на стандардна опрема останува ист.

Цената се уште не е позната, па ќе завршиме со информацијата дека Enyaq е единствениот модел базиран на MEB платформата кој се произведува надвор од Германија. За ориентација, цената на Enyaq Coupe RS iV во Германија започнува од 61.550 евра.