Ирскиот MMA борец е добро познат по својот екстравагантен начин на живот, а една од работите која Мек Грегор го прави среќен е трошењето пари на скапи автомобили

Колку пари навистина има МегГрегор останува мистерија, бидејќи извештаите за приходите кои ги остварува од UFC борбите не се ниту јасни, ниту прецизни. Со оглед на тоа дека најголемите настани од оваа франшиза се распродаваат преку pay-per-view системите, заработката на Конор од борба до борба не е секогаш иста.

Така, магазинот Forbes проценил дека Ирецот минатата година остварил вкупно 47 милиони долари, од кои дури 32 милиони од борбата со Хабиб Нурмагомедов.

Екстравагантниот живот на Конор е една од работите што го прават популарен на планетарно ниво, а луксузните автомобили одлично се вклопуваат во овој животен стил. Според британските медиуми, колекцијата на автомобили во Мекгрегор вреди околу три милиони евра.

Во негова сопственост, овој ММА борец има неколку модели на Rolls-Royce, а за тој бренд се посочува дека е негов фаворит. По победата над Хозе Алдо во 2015 година и шампионската титула, Мек Грегор решил да се почести со еден Ролс. Од тогаш потекнува Phantom Drophead Coupe. Во колекцијата подоцна се додадени уште два модели на Rolls-Rоyce – Wraith и Dawn, но посебно внимание привлекува уникатниот Rolls-Royce Ghost.

Секако дека во возниот парк на познатиот борец нема само возилата од Rolls-Royce. Конор поседува уште два модели на Lamborghini – еден кабриолет и еден купe Aventador.

Друг британски автомобил во неговата колекција е McLaren 650S, а тука се и Cadillac Escalade, како и еден Range Rover.

Еден од првите автомобили во големата гаража на Ирецот е BMW i8, кој е во негова сопственост и денес. Во 2018 година, Мек Грегор додал уште еден модел во своето портфолио на автомобили – Mercedes S550 Coupe.

Конор може да се пофали со уште едно возило, кое, иако не е во негова сопственост, сепак е во неговата гаража. Станува збор за теренецот на Lamborghini, моделот Urus, кој Мек Грегор го подари на својата сопруга минатиот Божиќ.

Со оглед на тоа дека Ирецот најави поголема активнист односно повеќе мечеви оваа година, може да се очекува тој наскоро да ја збогати својата колекција со нови возила.