Hyundai инвестираше во Autotalks, компанија кој развива чипови за V2X технологијата, односно комуникација на автомобилот со други возила и инфраструктурата

Кога станува збор за иднината на автомобилската индустрија, главно се зборува за автономни и електрични возила, но благодарение на големиот напредок во технологијата, во иднина автомобилите ќе бидат многу посигурни и модерната технологија ќе ги спасува животите на сите учесници во сообраќајот – и возачите и пешаците. Една од технологиите кои може да се очекува во се поголем број на автомобили е V2X комуникацијата (Vehicle-to-X), односно способност возилото да комуницира не само со други возила, туку и со инфраструктурата.

Оваа технологија се очекува веќе следната година од Volkswagen во нивните автомобили, до средината на 2020 година таа ќе биде имплементирана во сите возила на Toyota, а многу други компании, како на пример Ford и Audi, исто така имаат планови врзани со оваа технологија.

Големи планови на автомобилскиот пазар има и Hyundai, од кој објавија партнерство со компанијата Autotalks, која развива чипови за V2X комуникација, па наскоро можеме да ги очекуваме и првите возила од јужнокорејската компанија со поддршка за V2X.

Во основа на V2X технологијата е безбедноста, бидејќи таа овозможува комуникација помеѓу возилата но и помеѓу возилата и инфраструктурата како што се семафорите, известувајќи ги компаниите за одржување на патиштата за оштетувања, делови каде е потребна поправка, итн Сепак, најважниот дел е комуникација помеѓу возилата, што навистина би можело да спаси многу животи – на пример, при приклучување од спореден на главен пат, технологијата која ќе комуницира со блиските возила ќе го предупреди возачот дали има закана од доаѓање на возило коо можеби не го видел, а возачите ќе престигнуваат други возила само кога се сигурни дека од другата страна нема сообраќај и слично.

Исто така, возилата ќе бидат во можност да ги предупредат другите автомобили за оштетена инфраструктура, сообраќајни несреќи и сообраќаен метеж, а сите овие информации и комуникацијата помеѓу возилата ќе бидат од исклучително значење за понатамошниот развој на автономните возила. Бидејќи со овие возила ќе управуваат компјутери, ним за безбедно возење ќе им биде потребно голема количина на податоци, а некои од овие податоци ќе доаѓаат токму од други автомобили кои ја користат оваа или слични технологија.