На девет ката од оваа зграда распореени се 160 автомобили од историјата на Mercedes, од самиот почеток во 1886 година па се ден денес

Во Германија е седиштето на неколку големи автомобилски компании со многу богата историја, а сите тие имаат свои музеи. Заедно со BMW и Porsche, музејот на Mercedes-Benz во Штутгарт веројатно привлекува најголемо внимание на автомобилските ентузијасти.

Се протега на девет нивоа и содржи 160 експонати од различни периоди на овој германски производител, вклучувајќи тркачки автомобили и Ф1 автомобили од богатата натпреварувачка историја на Mercedes.

Музејот, исто така, има архива на оригинални технички цртежи и друга документација за моделите на овој познат бренд. Тука се и книгите на нарачки на возила кои датираат дури од 1886 година, односно од самиот почеток на компанијата.

За оние кои не се во можност да ја посетат оваа автомобилска институција, тука, за вас, е виртуелната турнеја преку која можете да почувствувате дел од атмосферата во музејот.