Кинескиот Baidu се пофали со почетокот на сериско производство на автономни автобуси, наменети за кинескиот и меѓународни пазари

Автобус Apolong

Ова е прва година на комерцијализација на автономнoto возење, izjavi извршниот директор на Baidu, Робин Ли, за време на говорот на конференцијата за вештачка интелигенција во Пекинг. Неговиот коментар се однесува на објавата на Baidu за почеток на сериско производство на автономни миниавтобуси – досега се произведени сто единици од овие возила автобуси, кои прво ќе бидат наменети за кинескиот пазар, но целта на компанијата е проширување и на меѓународните пазари.

Кина со години наназад е позната по својот извоз на евтини производи низ целиот свет, но оваа перцепција полека се менува и Кина би можела да биде еден од лидерите во развојот на вештачката интелигенција: „Во иднина, Кина ќе извезува AI технологија во светот“, вели Ли.

Еден од тие извозни производи би можел да биде и автономниот автобус Apolong кои има четврто ниво на автономија, што значи дека технологијата вградена во него може целосно да управува со возилото во повеќе услови (петто ниво значи технологија која самостојно ќе функционира во сите ситуации).

Автобусите Apolong според димензиите се помали од конвенционалните автобуси и во нив собира 14 луѓе, а најинтересно е тоа што во нив нема седиште за возач, ниту управувач и педали за гас и сопирање, туку за возењењо исклучиво е задолжен компјутер. Погонот се електрични мотори, а со двочасовно полнење на батериите може да се поминат околу сто километри, со максимална брзина до 70 km/h.

Овие автобуси, барем на почетокот, нема да се најдaт на патиштата со другите возила управувани од страна на луѓе, но треба да се користat во контролирана средина со малку сообраќај како што се аеродромите, туристичките места каде што е забранет пристапот за возила …

Овие возила наскоро треба да започне да се користат во неколку кинески градови, а големи планови за Apolong во Јапонија има и компанијата Softbak која купила десет такви автобуси – на почетокот од следната година ќе започне со тестирање на нивните јапонски патишта.

Експертите за сообраќај веруваат дека возилата, како што се автономни автобуси кои ќе се движат во добро организирана и контролирана средина, ќе бидат прифатени многу побрзо од автономните автомобили кои ќе се движат по јавните патишта заедно со другите возила управувани од луѓе, бидејќи секоја компјутерска грешка во такви ситуации може да биде фатална и да има смртни последици.