Со просечна потрошувачка од 18,4 kWh на 100 километри, кога ќе се земат предвид останатите загуби, потрошувачката доаѓа до 23,6 kWh на 100 километри

Загуби има и при полнење на електромобилите, а на крајот, нормално, тоа го плаќаат возачите. Професорот Томас Кох од Технолошкиот институт во Карлсруе (KIT) ја пресметал количината на енергија потребна за возење на просечен електричен автомобил од полнење на батеријата до возење. Со просечна потрошувачка од 18,4 kWh на 100 километри, кога ќе се земат предвид другите загуби, потрошувачката доаѓа до 23,6 kWh на 100 километри.

Институтот KIT во пресметката ги вклучил и загубите на енергија кои вообичаено не се земаат предвид, а тоа се загубите во високонапонските линии и трансформацијата, загубите во дистрибутивните мрежи и при полнење на возилото. На еден или друг начин, сето тоа го плаќаат потрошувачите. Од друга страна, посебните услови како ниски температури или загуби при брзо полнење не се земаат предвид. Во тој случај потрошувачката би била уште поголема.