На овогодинешното издание на SEMA Show е воочен необично фасцинантен проект наречен BMW M4 Maloo, кој во основа е пик-ап купе ориентирано кон перформанси

Проектот за кој е малку да се каже дека привлекол само внимание е презентиран на штандот на STEK Automotive. Надворешноста доби „wrap“ фолија отпорна на гребење со огледална завршна обработка. Но, тоа не е она што привлекува најмногу внимание, туку каросеријата која овој автомобил го прави првиот М4 пик-ап во светот.

Преобразбата ја направил DinMann, кој мора да се признае дека направи прилично уредна работа со отсекување на задниот дел од покривот заедно со дел од кабината, додавајќи прилагоден заден „кревет“ на металната рамка и создавајќи функционална задна врата од M4 вратата за багажниот дел. Деловите од јаглеродни влакна на браниците и страничните прагови изгледаат поинаку од стандардните, додека фаровите и прозорците се затемнети.

Од другите ажурирања треба да се споменат нова хауба и нови украси од јаглеродни влакна на контролната табла. Дел од задната клупа се уште е присутен во кабината, иако просторот е премногу тесен за било што повеќе од возачот и патникот плус дел од нивниот багаж. Новиот товарен простор изгледа прилично простран за поголеми предмети и наскоро ќе добие нова аеродинамична навлака.

Додека повеќето конверзии на пикапи се засноваат на „тоталки“ или отпис, овој конкретен M4 всушност бил сосема нов модел пред да биде ставен под пила. Автомобилот донатор BMW M4 Competition бил купен како сосема нов во април 2022 година. Целиот процес на доработка траел шест недели, што е прилично брзо за таков резултат.

Ознаката Competition значи дека 3.0-литарскиот мотор со шест цилиндри кој произведува 510 КС (375 kW) и 650 Nm вртежен момент. Моќта се испраќа на сите четири тркала преку 8-степен автоматски менувач потпомогнат од задниот xDrive систем и диференцијал со ограничено пролизгување.