На цената на еден половен автомобил влијаат многу работи, а иако за многумина е целосно небитна, и бојата може да биде од клучно значење

Според студијата на американската веб-страница за половни возила iSeeCars.com, спроведена на 2,1 милиони единици произведени од 2014 година, најдобра цена држат автомобилите со жолта боја.

Тие во просек губат околу 27% од цената за три години, што е 18,5% над нормата.

Сосема добро котираат и автомобилите со уште две јаки бои, портокалова со губиток на вредност од 30,6% и зелена со 30,9%, што исто така, е под просекот на просечна депрецијација од 33,1%.

Најголем пад на цената на пазарот за половни автомобили бележат беж, виолетовата и златната боја, иако сочинуваат само 0,7% удел на гореспоменатите 2,1 милиони, кои учествувале во студијата.

Во меѓувреме, автомобилите со најчесто застапените бои – бела, црна, црвена и сива боја – се во просечна вредност на стапките на загуба.

Причината за доброто држење на цената на жолтите автомобили лежи не само во нивниот помал број на присутност на пазарот, туку и поради фактот што оваа боја е најчесто застапена кај спортските автомобили, кабриолети и SUV модели, кои генерално држат добра цена и како половни возила.

Истовремено не е откриена поврзаност помеѓу бојата на возилото, километражата и времето потребно истото да се продаде.

Така, на сопствениците на жолт автомобил им е потребно повеќе време за да најдат купец, во просек од 41,5 дена, за разлика на пример од оние со златна боја, кои се под просекот (36,5) и нов купувач наоѓаат за 34,3 дена.
И во овој случај, најлошо поминуваат возилата со беж боја (46,6 дена).