Според истражувањето на аналитичката куќа IHS, Американците просечно едно возило го чуваат околу 80 месеци, но меѓу 15-те модели во кои имаат најмногу доверба, нема ниту американски ниту пак европски автомобили

Американците најмногу веруваат во јапонските автомобили, па тука лежи и причината зошто на првите 15 места од листата на возила што најдолго остануваат во сопственост, Toyota има апсолутна доминација.

Toyota ги има првите три позиции или вкупно 10 од 15, додека останатите се за Honda и Subaru.

Toyota Highlander е автомобилот на кој Американците најмногу му веруваат, а 18,5% го поседуваат повеќе од 15 години, што е 2,5 пати подолго од просекот.

Второ место е за Toyota Prius, а на третата моделот Siena. Во првите пет се уште Honda Pylot и Toyota Tundra.

  1. Toyota Highlander
  2. Toyota Prius
  3. Toyota Sienna
  4. Honda Pilot
  5. Toyota Tundra
  6. Toyota Sequoia
  7. Toyota Tacoma
  8. Honda Odyssey
  9. Honda CR-V
  10. Subaru Forester
  11. Toyota RAV4
  12. Toyota Camry
  13. Acura MDX
  14. Toyota Avalon