Ефектот треба да се почувствува во 2020 година

Според очекувањата, продажбата на автомобили со дизел погон во Европа ќе продолжи да опаѓа и оваа година. Сепак, со промени во регулативите може да се придонесе за ублажување на кризата која се заканува да ја загрози автомобилската индустрија поради најавата на построгите стандарди за емисии на CO2. Во сила би можела да стапи во 2020 година.

Иако дизел моторите го загадуваат воздухот со азотни оксиди, тие се околу 15 проценти горивно поефикасни отколку бензинските мотори, што резултира со пониски емисии на јаглероден диоксид. Поради оваа причина, оваа технологија е потпорен столб на многу производители на автомобили како преодно решение за намалување на флотните емисиите на издувни гасови.

„Правецот на нишалото се уште не е во корист на дизелот, но најлошото би можело да биде зад нас“, вели Ал Бедвел, директор на секторот за погони во LMC Automotive. „Сеуште дизел моторите се подобри отколку бензинците кога станува збор за емисиите на CO2, а за луѓето кои патуваат на долги растојанија и возат големи автомобили, дизел е добитна карта“.

Според индустријата, клуч за давање „вештачко дишење“ на дизел технологијата може да биде рокот за усогласување со стандардите Euro 6d. До септември, сите нови дизел кои се продаваа во Европа мораа да се подложат на строги тест хомологации, кој гарантира дека емисијата на азотни оксиди не надминува 168 милиграми по километар, што е многу помалку од 600 милиграми или повеќе, колку што еколошките групи измериле за Евро 6 дизелите.

Тестот на реална емисија во возење (RDE) е првата голема регулаторна промена, специјално дизајнирана да ги „исчисти“ дизелите и стави точка на различни манипулации. Досега, RDE испитувањето и класификацијата, беа обврзителни за целосно новите видови на возила, што на производителите им даде две години да го искладат својот дизел возен парк со новите еколошки принципи.

„Гледаме одреден степен на стабилизација при падот на продажбата на дизел возила во Германија, особено во однос на Euro 6d моторите“, вели шефот на продажба во BMW, Питер Нота.

Новите системи за прочистување на издувните гасови како SCR, дополнително ќе ги поскапат и онака скапите дизел-мотори. Сепак, автомобилската индустрија мора да се справи со еколошкиот проблем.

Преминот кон Euro 6d-temp се очекува да ја врати довербата на купувачите во возилата како што се BMW 520d или Mazda CX-5.

Општо е мислењето кај водечките луѓе во автомобилските компании и експертите, дека дизел продажбата ќе продолжи да паѓа во текот на 2019 година, за на крајот здасе стабилизира на околу 30 отсто.

„За жал, владее длабока несигурност во однос на дизелот “, вели шефот за продажба и маркетинг во VW, Јирген Штакман. „Додека сè поголемиот број градови се во дилема за воведување ограничувања и забрани, не гледам простор за подобрување“.