Кој е посилен во „влечење јаже“ – Tesla Cybertruck vs Ford F-150 / ВИДЕО
Пред само неколку дена, Tesla го презентираше својот прв пикап Cybertruck и предизвика бројни реакции
Со футуристички-минималистичкиот изглед, Cybertruck ја претставува визијата на Tesla за иднината на камионетите.
На овој пазар во моментов лидер Ford F-150, така што за само неколку дена е тестирана моќта со „влече на јаже“.
Најмоќната верзија на F-150 испорачува 450 КС и 693 Nm од3.5-литарски twin-turbo мотор HO EcoBoost.
Од друга страна, Илон Маск не ги открива спецификациите за Cybertruck, освен тоа што забрзува дека од 0-100 km/h камионот забрзува за 2,9 секунди и може да повлече товар од 6.300 кг.
Со оглед на резултатот од „влечењето на јаже“ со F-150, се чини дека гласините за оние 800 кс и 1.356Nm не се далеку од вистината.
За електричниот камионет на Tesla веќе има скоро 200 000 резервации.