Ова е Thor, има два V12 мотори, над 4.000 КС и ќе биде понуден на аукција

Оваа брутална обработка на камион надминува сè што сте виделе досега.

Основата е Peterbilt 359, камион од 1984 година, кој уште во старт е продолжен за 13,41 метри и сега е понуден на аукција во Ријад, Саудиска Арабија.

Покрај изобилството на сјаен хром и алуминиум, има и ретро предна рамка и извлечени браници за целосно надополнување на изгледот. Графиката на каросеријата е неизбежен декор.

Сепак, она што го издвојува овој камион од сè што досега сте виделе е погонскиот систем. Тој е составен од два дизел V12 монструма кои испорачуваат над 4.000 КС. И, тука лежи објаснувањето за толку многу цевки за довод на воздух, но и за излез на издувните гасови. Развојот и имплементацијата е потпишан од страна на Мајк Харах, кој на проектот работел седум години. Накратко, ова е најмоќниот и најголем моторен погон досега вграден во едно возило кое е дозволено за јавните патишта. Потрошувачката и СО2 не се познати.

Loading...