Кој е подобар на патека? Hyundai i30 N vs Peugeot 308 GTi / ВИДЕО
За разлика од францускиот Peugeot, кој има големо искуство во изградба на таканаречените hot hatch возила, што започна со моделот 205 GTi, Hyundai својот автомобил во тој сегмент го претстави дури минатата година
Првиот hot hatch модел на корејскиот производител е означен kako i30 N и развиен е на Нирбургринг, па оттука и ознаката N. Моделот развива 271 коњски сили испратени на предните тркала преку мануелен менувач со шест степени.
Сето ова го става во истиот сегмент во кој се наоѓа и моделот Volkswagen GTI, кој развива 241 коњски сили во Perfromance варијанта, иако i30 N всушност е поблиску до спецификациите на моделот Peugoet 308 GTi чиј 4-цилиндерски мотор со работна зафатнина од 1.6-литри развива 268 КС.
Според официјалните перформанси, двата модели имаат скоро идентично забрзување од 0 до 100 km/h (моделот на Peugeot е побрз за една десетинка). Од друга страна, моделот на Hyundai чини помалку.
Така гледано, барем на хартија, овие два модели се многу слични. Но, какви се на патеката или во трка со времето?
Погледнете го приложеното видео.