За две години, Apple би можел да претстави сосема нов iPhone кој ќе има флексибилен екран, а можеби ќе може и да се расклопи и да се користи како таблет

Откако долго време дизајнот на паметните телефони не беше премногу променет, а новите модели доаѓаа со подобат хардвер и поголеми екрани, но не и со некои големи промени во дизајнот, минатата година работите сепак малку се променија, најмногу во делот на развој на екраните. Најголемата вест се екраните од раб до раб, благодарение на кои компаниите во куќиште од исти или слични димензии како во постарите модели, сместија екрани со поголема дијагонала.

Овој новитет се одрази и на други промени, како релокација на Home копчето – на некои телефони се наоѓа на задната страна на екранот. Apple се одлучи за поинаков пристап и, наместо со допир на прст, овозможи отклучување на телефонот со поглед односно скенирање на лицето на соспственикот, додека Vivo во својот концептен телефон Apex, сензорот за отпечатоци од прсти го имплементираше во долниот дел од екранот.

Следната голема работа на пазарот на паметни телефони ќе бидат, очигледно, флексибилни телефони или телефоните кои може да се свиткаат, а таквите уреди ќе им овозможат на корисниците голем број нови опции. За флексибилните телефони на Samsung се зборуваше со години (и многу други компании пријавија патенти за такви уреди), а оваа компанија веќе оваа година може да го претстави првиот ваков модел.

Но, покрај јужнокорејските компании, слични планови на овој пазар има и Apple – според аналитичарите од Bank of America, Тим Кук и неговиот тим во моментов работат на развивање на флексибилен телефон кој на пазарот може да се појави за две години. Таков уред преклопен би се користел како класичен iPhone, а отворен како таблет – со ваков (хибриден) уред, Apple сериозно би можел да наштети на продажбата на iPad, но ако на пазарот се движи во таа насока, Apple тоа не смее да го игнорира.

На сличен начин Apple со iPhone го уништи iPod, но тоа се покажа како нивна најдобра одлука во историјата па на крилата на одличната продажба на телефони, оваа компанија, веќе оваа година би можела да достигне пазарна вредност од една милијарда американски долари.

До овие информации аналитичарите на Bank of America дошле од состаноци со неколку добавувачи на Apple од Азија и ги советуваат сите инвеститори да купат акции во компанијата.