Lamborghini, Bugatti, Ferrari и Porsche се меѓу брендовите со најмногу медиумски допаѓања

За Lamborghini 2021 година се покажа како многу успешна година. Расте бројот на продадени автомобили, а во исто време има сериозен пораст на популарноста на брендот и на социјалните мрежи. Ова го поттикна италијанскиот производител да направи рангирање на „најлајкуваните брендови“ на Instagram, кое покажува интересни резултати.

Всушност, самото рангирање е дело на Emplifi, компанија која е специјализирана за маркетинг и социјални медиуми. Таа ги анализирала постапките на корисниците на Instagran од 1 јануари до 2 ноември 2021 година и открила дека фотографиите објавени од Lamborghini на социјалната мрежа имаат во просек по 306.850 пати допаѓања по објава.

Така, италијанскиот бренд е лидер во рангирањето, пред Netflix (246.059). На трето место е американскиот производител на спортски производи Nike со просечни 237.651 дошаѓања по објава.

Во првите десет има уште три производители на суперавтомобили – Bugatti (187.849), Ferrari (163.106) и Porsche (160.340) лајкови по објава.