Кои се најпопуларните луксузни автомобили на Instagram?
Само една марка има повеќе од еден претставник во TOП 15
Луксузните и високо-технолошки автомобили се меѓу големите „ѕвезди“ на социјалната мрежа Instagram. Без разлика дали станува збор за машини од филмските хитови или за најновите производи од индустријата, творбите на четири тркала редовно се вртат, па дури и имаат многу фанови аналогни на познатите актери и музичари.
Британската компанија Click4reg Private Plates решила да провери кои се најпопуларните луксузни автомобили врз основа на тоа колку од таканаречените хаштагови се споделени на Instagram. Нормално, германските и британските премиум брендови се присутни во ова уникатно рангирање, а брендот Rolls-Royce е единствениот со повеќе од еден претставник.
Но, ниту едeн модел од Rolls-Royce не е најпопуларен: оваа чест му припаѓа на Porsche Panamera, чиј хаштаг #porschepanamera е споделен 344.000 пати. На спротивниот крај од листата е електричниот кросовер Jaguar I-Pace со „само“ 29.500 споделувања. За да го спроведе истражувањето, Click4reg се повикал на разни рангирања и публикации во водечките медиуми, од кои се селектирани луксузните модели. Еве го резултатот:
- Porsche Panamera
#porschepanamera
Споделувања: 344.000 - BMW 7 Series
#bmw7series
Споделувања: 316.000 - Rolls-Royce Phantom
#rollsroycephantom
Споделувања: 250.000 - Audi A8
#audia8
Споделувања: 240.000 - Rolls-Royce Wraith
#rollsroycewraith
Споделувања: 233.000 - Rolls-Royce Ghost
#rollsroyceghost
Споделувања: 201.000 - Hyundai Genesis
#hyundaigenesis
Споделувања: 155.000 - Bentley Continental GT
#bentleycontinentalgt
Споделувања: 153.000 - Lexus LS
#lexusls
Споделувања: 135.000 - Bentley Bentayga
#bentleybentayga
#123.000 - Mercedes-Benz S-Class
Hashtag: mercedessclass
#96.600 - Jaguar XJ
Hashtag: jaguarxj
#75.500 - Audi E-Tron
Hashtag: audietron
#58.800 - Range Rover
#landroverrangerover
Споделувања: 35.700 - Jaguar I-Pace
#jaguaripace
Споделувања: 29.500