Експертите од британскиот деловен портал money.co.uk спровеле студија за да откријат кои брендови односно нивните имиња најчесто погрешно се пишуваат на Интернет. Во истражувањето не биле вклучени само автомобилски компании, но тие ги заземаат првите три места во рангирањето

Вкупно седум марки на автомобили се во Топ 20, предводени од Hyundai, чие име на интернет мрежата е погрешно напишано околу 605.000 пати за еден месец. Најчести правописни грешки се Hundia и Hiundai.

На второ место е италијанскиот производител на суперавтомобили Lamborghini со 365.000 грешки, при што корисниците редовно пропуштаат една или две букви и пишуваат Lamborgini или Lambogini. Топ три се затвора со уште еден италијански бренд – Ferrari, кој често се пишува само со едно R – Ferari. Вкупниот број на грешки е 122.000 месечно.

Во Топ 20 е и јапонската марка Suzuki, која се наоѓа на седмото место со варијантите Susuki и Suzki (78.800 грешки месечно). Околу 45.500 луѓе месечно не можат да се справат со името Bugatti (12 место), претворајќи го во Bugati или Bogati. Потоа следува Volkswagen со 42.900 грешки – најчесто Volkwagen и Volwagen.

Последното – 20-то место, оди кај Porsche, бидејќи германскиот бренд се пишува Porsh или Porsch (19.500 грешки месечно).