Кои автомобили се најзаштитени од кражби?
Производителите на автомобили инвестираат се повеќе ресурси во напредни системи за безбедност за да спречат кражба на нивните возила
Современите автомобили се поранливи како резултат на современите технологии како што е keyless, односно влез во возилото без клуч.
Истражувањата покажуваат дека брендови со најнапредни системи за заштита се Audi, BMW и Volkswagen.
Овие германски производители користат системи кои ги „заспиваат“ сите контролни единици кога се во мирување одредено време.
Ова значи дека тие не реагираат на обид на стартување со сигнал од одредено растојание, туку само кога сопственикот на возилото ќе го активира клучот.
Крадците лесно можат да го отклучат и стартуваат возилото со систем без клуч користејќи модерни технологии. Од само неколку метри оддалеченост, одредени уреди можат да го „фатат“ сигналот со кој „комуницираат“ клучот и автомобилот и да го искористат за стартување на возилото. Целиот процес може да трае само десет секунди.
На последните безбедносни тестови, експертите утврдиле дека моделите како Audi A6 Allroad, BMW 1 Series, BMW 8 Series, BMW X6, Ford Puma и Volkswagen Passat имаат високо ниво на севкупна заштита, вклучително и ранливоста на keyless системот.