![Кои автомобили најчесто се крадат во Велика Британија?](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2019/05/car-thief.jpg)
Кои автомобили најчесто се крадат во Велика Британија?
Ако на балканските простори, омилената марка на крадците е Volkswagen, во Велика Британија возачите имаат проблем со сосема друг бренд – Ford
Најчеста цел на крадците на Островот во 2018 година бил компактниот Focus.
Минатата година во Обединетото Кралство биле украдени 1.952 автомобили од брендот Ford, од кои 530 биле Focus, а приближно иста е бројката и на украдени Fiesta модели – 508.
Втор бренд по „популарност“ меѓу британските крадци е Opel односно Vauxhall на островот, со украдени 909 автомобили, а дури на третото место е Volkswagen со 466 единици.
Се разбира, од Vauxhall / Opel моделите најчеста цел се Astra и Corsa со 344 и 306 украдени автомобили, а меѓу нив е VW Golf со 340 единици.
Овие резултати значително се совпаѓаат со продажбата на автомобили во Велика Британија. Минатата година најпопуларна меѓу купувачите била Fiesta, по што следат Golf, Corsa и Focus.