Во објавите на Twitter, полицаецот Олифант вели дека никогаш не видел нешто слично во 14 години служба

Некои настани е тешко да се објаснат, а еден од нив е несреќата што се случила на 16 ноември, на Interstate 5 во Маунт Вернон, северно од Сиетл, државата Вашингтон. Според The ​​Seattle Times, сообраќајот на мостот на реката Скагит забавувал кога Nissan Altima во задниот дел била удрена од камион. Од силината на ударот автомобилот завршил на покривот, а на него налетал друг камион. Под камионот останала само згужбана маса од метал и пластика.

Автомобилот го управувала 46-годишна жена, а сè укажувало на најлошото. Полицаецот од државата Вашингтон, Роки Олифант се фотографирал и ја споделил информацијата на Twitter, првично нарекувајќи ја несреќа со тешки последици. Но, кога камионот бил подигнат, од тотално искршениот автомобил успеале да ја извадат жената која веднаш се исправила на нозе. Таа наводно се пожалила на мали болки во главата и ребрата, па веднаш била спроведена во најблиската болница на дополнителни прегледи, но се испоставило дека не е во животно загрозувачка ситуација.