Некои од факторите кои влијаат на популарноста на теренците се чувството на сигурност и лажната илузија на моќ. За жал, некои луѓе сметаат дека дури и најсовремените технологии не можат да се спротивстават на физиката

Навистина, со развојот на технологијата, теренците денес се постабилни за возење, но тоа не значи дека нивниот центар на гравитација е понизок или дека тешко се превртуваат. Ова на своја кожа го доживеал и возачот на бел Land Rover. Пристигнувајќи на кружен тек во Бирмингем, возачот на Land Rover Discovery Sport пропуштил Nissan, а потоа решил да ја промени лентата за да избегне гужва. Но, при престројувањето удрил во задниот дел на Toyota GR Yaris, кој стоел во место. Теренецот се издигнал во воздух до покривот на Yaris-от, а потоа се превртел на покривот.

Судејќи по снимката, оштетувањето на Land Rover-от е големо и опфаќа делови од каросеријата, стаклата и секако браникот, со кој е остварен првиот контакт. Сепак, најинтересно е што малата Toyota од овој ненадеен напад излегла без некоја значителна штета.

Доколку мислите дека теренците се побезбедни во сообраќајот, вредно е да се повторат резултатите од студијата на американскиот NHTSA, според која шансата теренците да се превртат во сообраќајна несреќа се 20%, додека веројатноста за патничките автомобили (лимузини и купеа) е двојно помала.