Mомче, син на локален богаташ, го донел BMW-то, подарок за роденден од неговиот татко, до брегот и потоа го турнал во река во северната држава Харјана

Очигледно изнервиран од изборот на роденденскиот подарок од неговиот татко, Индиец го фрлил новото BMW во река. Причината? Сакал Jaguar.

„Не бил задоволен затоа што татко му не му купил Jaguar. Тој намерно го турнал автомобилот во реката, го снимил сето тоа и го објавил на социјалните мрежи“, велат од полицијата.

Младиот човек, идентификуван само како Акаш, подоцна се покајал и се обидел да го извади автомобилот од реката.

Споменатото BMW чинело околу 49.000 долари, додека Јaguar-те во Индија чинат околу 60.000 долари, пренесува BBC.

https://youtu.be/7AZGS36l2Lo