Кога адреналинот е појак од умот: Трка на автопат помеѓу Ferrari 812 Superfast и Seat Cuprа со лоша завршница / ФОТО+ВИДЕО
Се чини дека автомобилот со значката на Ferrari претрпел помала штета, но изразот на очај на лицето на возачот сугерира дека знае колку скапо ќе го чини поправката
Кога возите многу брз автомобил, порано или подоцна некој (најверојатно во многу побавен) ќе ве предизвика да се тркате. Еден возач на Ferrari 812 Superfast во Израел на потешкиот начин дознал дека прифаќањето на трка најчесто е глупава идеја.
Снимка на интернет снимена од видео камери поставени на израелскиот автопат Route 6, покажува како црвеното Ferrari 812 заобиколува голем број автомобили со екстремно голема брзини, со Seat Cup на неговата „опашка“.
Двата автомобили поминуваат од десна страна камион кој сообраќа на средната лента, а пред да свртат во таа лента поминуваат друг камион лоциран во бавната лента. Токму затоа е тешко е да се види што точно се случило, но одеднаш се гледа огромен облак од дим неколку автомобили нанапред.
Се чини дека Ferrari-то претрпело помала штета, но изразот на очај на лицето на возачотсугерира дека знае колку скапо ќе го чини поправката. Пошокантни се фотографиите од Cupra-та, кои откриваат дека при судирот се откинала целата погонска единица. За среќа, патничкиот простор останал недопрен, а сите учесници во несреќата, за среќа и според информациите, поминале само со полесни повреди.