Од новиот Range Rover по несреќата не останало многу и тој наместо во салон за автомобили ќе заврши во отпад. Причината за несреќата не е позната

Новиот Range Rover, кој бил на пат кон салонот за автомобили, е целосно уништен во Парамус, Њу Џерси. Несреќата се случила на брз градски пат кога од засега неразјаснети причини скапиот луксузен теренец се лизнал од приколката на камионот што го превезувал.

Откако паднал на коловозот, на Range Rover-от со полна брзина налетал возач со Honda Accord, што создало вистински хаос на патот. Во несреќата едно лице е повредено и патот морал привремено да биде затворен.

Како што може да се види на сликите и видеото, од новиот Range Rover по несреќата не останало многу и тој наместо во салон ќе заврши во отпад. Задната врата му е целосно уништена, а покривот изгледа како некој да се обидел да го отвори со џиновски отворач за конзерви.

Камионот превезувал уште пет нови единици Range Rover, но тие не се оштетени во несреќата. Полицијата се уште не утврдила зошто автомобилот паднал од камионот, но се сомнева дека не бил соодветно врзан. Имено, дури и да дојде до техничка неисправност на приколката, возилото сепак треба да биде безбедно поради лентите со кои мора да се обезбеди.

Штетата се проценува на околу 140.000 долари бидејќи новиот Range Rover во САД без даноци и дополнителна опрема чини 104.000 долари.