Компанијата Paravan има огромно искуство во развојот на контролни системи за лицата со посебни потреби

Секојдневно напредуваме, така што беше само прашање на време кога некој ќе се сети и на управувачот во автомобилите. Од следната година германскиот добавувач Schaeffler-Paravan сака да лансира управување на автомобилите со џојстик наместо со волан. 

Германската компанија започнува со тестирање на системот by-wire, со помош на џојстик, во спортски автомобили и друмски возила. Контролите работат исто како во компјутерска игра: лево е лево, десно е десно, напред е гас, а сопирачките се назад. Контролата со џојстик на Schaeffler-Paravan се смета за револуционерна. Системот може дури и да се догради. Предностите се големи бидејќи нема повеќе удари кои се пренесуваат преку воланот при возење преку дупки, управувањето повеќе не троши енергија, а работата на системот за активна безбедност е олеснета бидејќи воланот повеќе не мора да се движи при корекција на насоката на возење.

Компанијата Paravan има огромно искуство во развојот на контролни системи за лицата со посебни потреби, а заедничкото вложување најавува дека е три години пред конкуренцијата во однос на развојот. Се очекува најголема корист од овој систем да имаат лицата со попреченост.