На видеото кое се појави на интернет од снимањето на 25-от филм од серијалот за тајниот агент 007, откриен е уште еден автомобил кој ќе го видиме во ова најново филмско остварување

 

Видеото објавено од страна на MI6 HQ е снимено во Норвешка каде моментално се снимаат сцени од новиот филм, а автомобилските ентузијастите сигурно ќе го препознаат класичниот Aston Martin V8 Vantage од 1977-1989 година.

Последен пат овој класичен Aston Martin во некои од филмовите за Џејмс Бонд се има појавено пред повеќе од три децении управуван од тогашниот Бонд, британскиот актер Тимоти Далтон, во The Living Daylights (1987 год.).

Покрај овој Aston Martin, познато е дека Даниел Крег во новиот филм, вози уште еден класичен Land Rover во 1970-те, а не е дефинитивно сигурно кој модерен модел ќе биде новиот главен Bondmobil. Претходно, се шпекулираше дека тоа ќе биде електричниот Aston Martin Rapide E или некој друг модел на струја.

Како потсетување, Aston Martin специјално за претходниот филм за Џејмс Бонд (Spectre, 2015) го дизајнираше моделот DB10 моделот кој беше направен само во 10 примероци.