Задолжително, елекетричните автомобили треба да генерираат звук при брзина од над 20 km/h

Škoda Citigo e-IV

Од 1 јули, сите електрични возила што се движат по патиштата во ЕУ ќе мора да испорачуваат вештачки звук при брзини над 20 km/h за да ги предупредат пешаците на нивното доаѓање.

Овој закон е усвоен од Европскиот парламент уште во есента 2018 година. Во моментов, автомобилите со електричен погон практично се безшумни, за разлика од бензинските и дизел моделите. Токму затоа, пешаците не ги „гледаат“, а тоа може да резултира со несреќа.

Со цел да се избегнат вакви случаи, електричните возила мора да испорачуваат предупредувачки звук со јачина не помала од 56 децибели. Ова ниво одговара на бучавата на ладилник кој работи, кое не е премногу високо за да ги вознемири пешаците.

Законот не прецизира каков треба да биде звукот што го емитуваат автомобилите. Тоа пак значи дека нивните креатори имаат слобода на избор и можат да користат било какви звуци, па дури и мелодии.

Loading...