Кинески гробишта за суперавтомобили. Конфискувани возила скапуваат во природа! / ВИДЕО
Кинеските власти не се преоптоваруваат со конфискуваните автомобили
Видеото снимено во кинескиот град Хангжу покажува луксузни автомобили што скапуваат откако се запленети. Автомобилите на видеото не се сите суперавтомобили. Има и многу комбиња и други поевтини автомобили. Кинеските власти овие автомобили ги заплениле поради царински прекршоци, криминални активности во кои беа вклучени поранешни сопственици …, а некои од нив се чини дека скапуваат со години.
Наместо да ги продаваат на аукција, како што се прави во други земји, овие автомобили се оставаат да скапуваат. Меѓу возилата има Chevrolet Corvette од претходната генерација, Porsche Panamera Turbo, Audi R8, Aston Martin Vantage S Roadster и Bentley Continental Flying Spur.
Како споредба, нелегално увезените автомобили на Филипините се уништуваат, а во Дубаи има складишта полни со запленети суперавтомобили.